Кумановската полиција вчера околу пладне го лишила од слобода М.Д.(42) од Куманово, кој се сомничи дека на 26 февруари од продажен објект на улицата „Доне Божинов“ одзел повеќе предмети.
Како што информира денеска МВР, М.Д. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.