Во Тетово синоќа околу 23:25 часот полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 41-годишниот А.А. од тетовска Шипковица, соопштија денеска од МВР.

При претрес во домот, во кој времено престојувал во Тетово, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага.

Во соопштението од МВР стои дека тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.