Полициски службеници од СВР Куманово, синоќа во 22:00 часот во Куманово, го лишиле од слобода 25-годишниот кумановец Л.Ш., кој се сомничи дека на 27 февруари годинава од приватен имот на улица „Вера Которка“ во Куманово одзел повеќе предмети.

МВР денеска соопшти дека Л.Ш. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.