Севиља како домаќин ја совлада Селта со 1-0 во натпревар од 17. коло на Ла Лига. Натпреварот на стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ ќе остане запаметен како последен за легендата Хесус Навас. 39-годишниот светски и европски шампион беше главна ѕвезда на натпреварот, кој стартуваше од првата минута, а на теренот остана 70 минути.
Ману Буено го постигна единствениот гол на натпреварот во 65. минута, со што дебитираше за Севиља во лигата.
Можно е Навас да биде на теренот против Реал Мадрид за една недела на „Бернабеу“, но не пред домашна публика.
Севиља по победата се искачи на 10. позиција со 22 бода, а Селта е 12. со 21 бод.