Македонската фудбалска репрезентација го задржа 67. место на најновата ранг-листа на ФИФА објавена денеска.

Последното рангирање во 2024 година не донесе ниту една поголема промена и Македонија остана на 67. место со 1368,96 бодови, колку што имаше и минатиот месец.

Светскиот првак Аргентина втора година по ред ќе заврши на првото место, пред Франција и европскиот првак Шпанија.

ФИФА ранг-листа:

Аргентина 1.867,25

Франција 1.859,78

Шпанија 1.853,27

Англија 1.813,81

Бразил 1.775,85

Португалија 1.756,12

Холандија 1.747,55

Белгија 1.740,62

Италија 1.731,51

Германија 1.703,79

Македонија 1368, 96.

Следната ранг-листа ФИФА ќе ја објави на 3 април идната година