Дефанзивецот на Реал Мадрид, Давид Алаба ќе мора да почека уште малку за враќање на терените. Австрискиот репрезентативец пред една година заработи повреда на лигаментите на коленото и се уште не е опоравен.

Поранешниот играч на Баерн е во завршна фаза на опоравување, но мака мачи со рехабилитација.

Реал Мадрид потврди дека Алаба нема да игра до март и за тоа време ќе тренира со полн интензитет.

Како што знаете, Едер Милитао и Даниел Карвахал се аут до крајот на сезоната, па јасно е дека одбраната на Реал Мадрид ќе биде ослабена.