Тренерот на Комо, Цеск Фабрегас, се обидува да го убеди својот поранешен соиграч од Челси, Немања Матиќ да му се приклучи на неговиот тим, тврди „Газета дело Спорт“.

Матиќ (36) е играч на Лион, но францускиот клуб има сериозни финансиски проблеми и тешко дека ќе биде проблем да се раздели со играчот.

Дебитантите во Серија „А“, исто така, сакаат да го ангажираат Максимо Пероне од Манчестер Сити.

Комо е бод над зоната за испаѓање и добро се претставува, но ќе има тешка задача за опстанок во вториот дел од сезоната.