Повремениот англиски репрезентативец Маркус Рашфорд кариерата ќе ја продолжи во Астон Вила.
Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд замина на позајмица во Астон Вила.
Клубот од Бирмингем ќе плаќа 70% од платата до крајот на сезоната, а 40 милиони е вкупната клаузула за откуп. Доколку ја активираат, Рашфорд ќе потпише тригодишен договор.
Откако Рубен Аморим пристигна во Манчестер, нема место за Рашфорд, па ова е одлуката на Англичанецот да се проба во друга средина.