Спектакуларен натпревар одиграа Манчестер Сити и Реал Мадрид.
„Граѓаните“ двапати водеа на „Етихад“, но европскиот првак дојде до пресврт во последните минути од натпреварот.
Победи остварија и Јувентус и Борусија Дортмунд, како и Пари Сен Жермен во првиот дуел од 18 часот и 45 минути.
Резултати од првиот натпревар од плеј-офот во Лигата на шампионите:
Брест (Франција) - Пари Сен Жермен (Франција) - 0:3
Јувентус (Италија) - ПСВ Ајндховен (Холандија) - 2:1
Манчестер Сити (Англија) - Реал Мадрид (Шпанија) - 2:3
Спортинг Лисабон (Португалија) - Борусија Дортмунд (Германија) - 0:3
Во среда:
Бриж (Белгија) - Аталанта (Италија) Монако (Франција) - Бенфика (Португалија) Феенорд (Холандија) - Милан (Италија) Селтик (Шкотска) - Баерн Минхен (Германија)
*Реваншите се следната недела, на 19 и 20 февруари.