Централниот бек на Манчестер Сити, Мануел Аканџи (29) би можел да го пропушти остатокот од актуелната сезона поради повреда.
Швајцарскиот фудбалер доживеа повреда од која ќе му требаат неколку месеци да се опорави.
Аканџи се повреди на последниот натпревар од плејофот од Лигата на шампионите против Реал Мадрид, во кој „граѓаните“ загубија со 2:3.
Клубот се уште не објави официјална информација за состојбата на дефанзивецот.