Комплетното 21 коло во Првата македoнска фудбалска лига (ПМФЛ) на програмата е претстојниот викенд.

Прволигашкото коло ќе го отворат Вардар и Беса, в сабота од 14 часот, додека преостанатите пет натпревари ќе се играат во истиот термин в недела.

Лидерот Шкендија го пречекува Тиквеш, додека второпласираниот Работнички му гостува на третопласираниот Гостивар во дерби на колото.

Силекс е домаќин на актуелниот шампион Струга, фудбалерите на Шкупи пред своите гледачи го пречекуваат Пелистер, додека Брера Струмица ѝ гостува на Воска.