Фудбалерите на Воска го напуштија натпреварот против Вардар во 75.минута откако беа незадоволни од судењето.
Воска имаше предност од првото полувреме со голот на Осеи, а Вардар до израмнување стигна во 74-тата, гол по кој домаќините протестираа сметајќи дека топката не ја минала гол-линијата.
Реагираа домашните фудбалери, натпреварот продолжи, но беше прекинат само неколку минути подоцна.
Откако се почека извесно време тие да се вратат, тоа не се случи. Мечот и официјално беше прекинат, а Вардар највероајтно ќе добие службена победа.
Резултати од ПМФЛ:
Струга - Гостивар 1:1 Тиквеш - Академија Пандев 2:1 Беса - Шкендија 2:3 Работнички - Пелистер 2:1 Шкупи - Силекс 1:2 Воска Спорт - Вардар 1:1 (прекината). д