Натпреварите од Серија А кои беа одложени поради смртта на папата Франциск ќе се одржат на 23 април, соопшти прес-службата на лигата.
Средбите првично требаше да се одржат денес. Утрово се дозна дека папата Фрациск почина, тој имаше 88 години.
Така в среда на 23 април ќе се одиграат четири натпревари: Торино – Удинезе Каљари – Фиорентина Џенова – Лацио Парма – Јувентус.