Голманот на Порто, Диого Коста може да ја продолжи кариерата во Англија.

Според „Correio da Manha“, Манчестер јунајтед е заинтересиран за 25-годишниот голман на португалската репрезентација.

„Црвените ѓаволи“ го гледаат Коста како можна замена за Андре Онана.

За Коста исто така е заинтересиран и Манчестер сити.

Сезонава Коста бранеше на 41 натпревар, прими 44 гола и 18 натпревари ја зачува мрежата „чиста“.