Лондонски Челси е подготвен да се раздели со Весли Фофана во текот на летото, објави „Футмеркато“. Олимпик Марсеј покажува интерес за францускиот дефанзивец.
Фофана одигра само 14 натпревари за „сините“ во сите натпреварувања откако пристигна во клубот во летото 2023 година, а серијата повреди сериозно ги ограничија неговите настапи за тимот.
И самиот играч размислува да го напушти „Стемфорд Бриџ“ по завршувањето на тековната сезона и да се врати во својата татковина.
Марсеј се подготвува да упати официјална понуда до Челси, а „сините“ сè уште не се одлучиле дали да го продадат Фофана или да го позајмат на една година