Светскиот првак со Франција во 2018 година, Пол Погба (32), кој е надвор од терените веќе 20 месеци, е во преговори за продолжување на кариерата во американскиот клуб Ди Си Јунајтед.

Францускиот играч од средниот ред и Јувентус во ноември лани спогодбено го раскинаа договорот и оттогаш Погба поминува многу време во својот дом во Мајами, објавија американските медиуми.

Според истите извори, првиот човек на американскиот клуб Џејсон Левиен одржал неколку разговори со менаџерот на Погба, а еднаш се сретнал и со поранешниот француски репрезентативец.

Сепак, Погба, кој во моментов е без клуб, сè уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Постојат три опции, да останете во Европа или да замине во САД или Саудиска Арабија. Пред два месеци се шпекулираше дека можеби ќе потпише за Интер Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам, а прва ѕвезда во тимот е Аргентинецот Лионел Меси.

Суспензијата на Погба од една и пол година, поради позитивен допинг тестот истече во март. Првично му беше изречена четиригодишна суспензија, но во жалбената постапка се утврди дека фудбалерот не знаел каков медикамент користи, па затоа казната му беше намалена