Поранешниот тренер на Реал Мадрид, Хулен Лопетеги, стана нов селектор на репрезентацијата на Катар, објави официјалната веб-страница на Катарската фудбалска асоцијација (QFA).
Договорот со 58-годишниот шпански фудбалски стручњак е со важност до 2027 година. Тој го замени својот сонародник Луис Гарсија.
Лопетеги ќе ја предводи репрезентацијата во преостанатите натпревари од квалификациите за Светското првенство. Катар сè уште има шанси да се квалификува на Светското првенство, но само преку плејофот.
Претходно Лопетеги беше тренер на Вест Хем, од каде си замина во јануари.