Екипата на Волфсбергер го освои турнирот „Австрискиот куп“ за прв пат во својата историја. Во финалето, кое се играше во Клагенфурт, „волците“ го победија Хартберг со 1:0. Интересно е што за двата тима ова беше прв пат да стигнат до финалето на натпреварувањето.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Анџело Гатермаер. Тој беше прецизен во 77-та минута, само две минути по влегувањето на теренот.

Пред натпреварот, медиумите во Австрија го опишаа натпреварот помеѓу Волфсбергер и Харберг како „селско финале“, бидејќи Волфсберг има население од 25.000 луѓе, а Харберг има само 6.650 жители.

Очекувањата беа дека на стадионот во Клагенфурт ќе бидат присутни околу 3.000 гледачи, но нивниот број се покажа речиси седум пати поголем и натпреварот се одржа пред околу 20.000 фудбалски навивачи.