Капитенот на Реал Мадрид, Лукас Васкез, најверојатно ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Договорот на искусниот фудбалер истекува за неколку недели, но двете страни сè уште не воделе разговори за негово евентуално обновување.
Ова речиси сигурно значи дека клубот повеќе нема намера да се потпира на дефанзивецот и тој ќе го напушти клубот како слободен агент.
Сепак, постои можност Васкез да остане на „Сантијаго Бернабеу“ доколку Реал Мадрид на крајот му понуди нов договор. Самиот дефанзивец сè уште не донел конечна одлука за својата иднина.
Одлуката на Васкез зависи и од тоа дали тренерот на тимот, Карло Анчелоти, ќе остане на чело на тимот или ќе си замине на лето. Не е тајна дека Италијанецот е во преговори со Бразил и најверојатно ќе ги преземе „селесао“ по завршувањето на сезоната