Тренерот на Бешикташ, Оле Гунар Солскјер, призна дека тешко го прифаќа она што му се случува на неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед.
„Црвените ѓаволи“ ја имаат својата најслаба сезона во историјата на Премиер лигата под водство на Рубен Аморим. Три кола пред крајот на натпреварувањето во Англија, екипата од „Олд Трафорд“ ја зазема незавидната 14-та позиција на табелата.
-Манчестер Јунајтед е моето семејство и овој клуб секогаш ќе биде дел од мене. Во фудбалот не треба да ви е жал за никого бидејќи имаме привилегија што имаме можност да работиме за клубови како Јунајтед. Но, за мене е тешко да го гледам тимот во моментов. Тоа е како да го гледам моето семејство како се бори. Не е лесно за време на викендите кога ќе го погледнете пласманот, рече Солскјер.