Тренерот на Наполи, Антонио Конте, беше задоволен од победата од 1-0 над Лече на гостински терен во натпревар од 35-то коло на италијанското фудбалско првенство.
По овој дуел, неговиот тим ја задржа водечката позиција на табелата и предноста од 3 бода пред Интер.
-Нема да лажам, тоа беше важен чекор кон Скудетото, иако не и најважниот. Се плашев од натпреварот против Лече на нивниот домашен терен бидејќи тие се борат за опстанок, додека ние пристигнавме во вонредна ситуација. Се надевам дека Лоботка ќе се опорави за следниот натпревар бидејќи во моментов се распаѓаме. Ни недостасуваат Нерес, Буонџорно, Хесус... Луѓето мислат дека ова е нормално, но Оливеира играше како централен дефанзивец за прв пат под мое водство. Добро е што тимот реагираше позитивно на ситуацијата, рече Конте.
Доколку Наполи стане шампион, Конте ќе слави во Серија „А“ со три различни тима.
-Нека се случи прво тоа, бидејќи ми се случило да ја освојам и да ја изгубам титулата на последниот ден од сезоната. ние што освојуваат титули влегуваат во историските книги, другите само ги читаат, заврши Италијанецот