Голманот на Интер, Јан Зомер, кој беше избран од УЕФА и за играч на реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, победи со 4:3 по продолженијата против Барселона и не криеше дека е многу среќен што се пласираше во финалето.
-Многу сум среќен, одигравме неверојатен натпревар. Која одбрана ќе ја паметам? Последната против Ламин Јамал. Тој е одличен играч и за среќа не даде гол. Многу тимови ќе се предадеа откако загубија со 2:3, но ние не го сторивме тоа и успеавме да се вратиме во играта, изјави Сомер за „Скај Италија“.
Додаде дека е горд на тимот и на тоа како одиграле.
-Многу ни значи што се пласиравме во финалето. Немате многу шанси да стигнете до финалето во Лигата на шампионите. Знаевме дека во последните четири минути од продолжението тоа е нашата последна шанса. Дадовме сè од себе на теренот со навивачите, додаде Сомер.