Борусија Дортмунд не се откажува од помладиот брат на поранешниот играч на тимот Џуд Белингем - Џоб Белингем.

-Односот на раководството на клубот со семејството Белингем, особено со таткото Марк, е сè уште добар, што би можело да помогне во договорот. Џоб Белингам е желен да игра во Лигата на шампионите, па неговите шанси за трансфер би биле поголеми ако Борусија Дортмунд успее да се квалификува за следното издание на турнирот, тврди германскиот весник „Билд“.

Се очекува трансферната цена на 19-годишниот Белингем да биде помеѓу 25 и 30 милиони евра.

Доколку се реализира потписот, Борусија Дортмунд веројатно ќе се откаже од договор со Карни Чуквемека, кој моментално е на позајмица од Челси