Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез, би можел да го напушти клубот, објави „Дејли Меил“.

Според изворот, раководството на екипата од Бирмингем очекува да потпише со нов голман за време на летниот преоден рок, па затоа иднината на 32-годишниот Аргентинец е под знак прашалник.

Оваа сезона, Мартинез одигра 50 натпревари, прими 61 гол и 13 пати ја сочува својата мрежа недопрена.