Арсенал го договори првото летно засилување, а Мартин Зубименди ќе му се придружи на тимот на првиот ден од преодниот рок.

Фабрицио Романо го потврди тоа денес со неговото препознатливо „почнуваме“, што значи дека работата околу овој трансфер е завршена.

Зубименди, кој има 26 години, пристигнува во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, каде што „топџиите“ имаа многу проблеми во тековната сезона.

Арсенал ја активираше откупната клаузула во договорот на Зубименди со тимот од Сан Себастијан, која изнесуваше 60 милиони евра.

Фудбалерот усно се согласил на договорот и наскоро се очекува официјална потврда за неговата долгорочна соработка со Арсенал.

Зубименди е дете на Реал Сосиедад и беше член на овој клуб во текот на целата своја кариера, вклучувајќи ги и младинските селекции, а играше и за сите шпански репрезентации.

Тој моментално е член на шпанската репрезентација и редовен член на почетниот состав на европскиот шампион, за кого има одиграно 15 натпревари и постигнато еден гол.