Флоријан Вирц ќе се приклучи на Баерн Минхен ова лето. Исклучително талентираниот напаѓач на Леверкузен со месеци е на радарот на најголемите европски клубови, а сега се чини дека е одлучено каде ќе ја продолжи кариерата.
Според еден од најдоверливите германски медиуми, „Билд“, Вирц постигнал договор со Баерн и остануваат само уште двата клуба да се договорат за трансферот.
Баерн ќе мора да му плати на Леверкузен околу 100 милиони евра за да го доведе Вирц и да го поврзе со Мусиала. Тандемот германски репрезентативци покажа на претходното Европско првенство дека може да функционира брилијантно.
Вирц долго време беше желба на Баерн, кој не го криеше својот интерес, а сега се чини дека сè е завршено.
Оваа сезона, талентираниот играч имаше проблеми со повреди, но штом стапнеше на теренот, беше еден од најдобрите поединци.