Шпанскиот фудбалер од средниот ред, Мартин Зубименди (26), за кого беа заинтересирани европски гиганти како Ливерпул и Реал Мадрид, ќе се приклучи на Арсенал ова лето, објавија денеска британските медиуми.

Дваесетишестгодишниот Зубименди пристигнува во Арсенал од Реал Сосиедад и ќе ја засили конкуренцијата во средниот ред, каде што лондонскиот премиерлигаш имаше многу проблеми оваа сезона.

Медиумите наведуваат дека Арсенал ја активирал откупната клаузула во договорот на Зубименди со тимот од Сан Себастијан, а таа изнесува 60 милиони евра.

Зубименди целата своја кариера е дел од Реал Сосиедад, а стандарден член и на шпанската репрезентација за која досега одигра 15 натпревари