Познатиот италијански експерт за трансфери Фабрицио Романо ја потврди денеска информацијата за смена на клупата на Реал Мадрид.
Чаби Алонсо седнува на Реал Мадрид, а според информациите на италијанскиот новинар, договорот е веќе постигнат и шпанскиот стратег ќе потпише тригодишен договор, до 2028 година.
Алонсо ќе го почне својот мандат по заминувањето на Карло Анчелоти, а планот е да го предводи тимот веќе на Светското клупско првенство на ФИФА. Турнирот ќе се одржи во Соединетите Американски Држави од 14 јуни до 13 јули 2025 година.
Шпанскиот стручњак пристигнува во Мадрид по успешниот период во Баер Леверкузен со кој лани ја освои титулата во Бундеслигата.