Бразилскиот офанзивен фудбалер на Барселона, Рафиња, се договорил за нов договор со клубот до 2029 година, пишува весникот „Мундо Депортиво“. Неговиот тековен договор со Каталонците е до 2027 година, но Каталонците сакаат да го задржат, со оглед на тоа дека е еден од клучните играчи за тимот.
Според медиумот, останува да се утврди само клаузулата за откуп на Бразилецот, но неговите агенти тврдат дека тоа не е пречка за договор.
Рафиња ќе биде меѓу најплатените играчи на Барселона поради неговиот придонес за тимот.
Бразилецот имаше неверојатна понуда од Саудиска Арабија, но тој отсекогаш го ставал на прво место проектот „Барселона“ бидејќи сака да продолжи да се натпреварува на највисоко ниво, тврдат уште од „Мундо Депортиво“.