Дефанзивецот на Ливерпул, Ибрахима Конате, може да го напушти клубот, објавува „Гардијан“.

Дваесет и шестгодишниот Французин, чиј договор истекува следното лето, ја одбил најновата понуда за продолжување на договорот.

Минатата сезона, Конате одигра 42 натпревари, постигнувајќи два гола и две асистенции.

Порталот „Трансфермаркт“ ја проценува вредноста на играчот на 60 милиони евра.