Освојувачот на Лига Европа, англиски Тотенхем, ги засили своите редови со младиот јапонски дефанзивец, 20-годишниот Котa Такаи.

Такаи пристигна во Лондон од јапонскиот прволигаш Кавасаки за пет милиони фунти и е првото засилување по доаѓањето на новиот тренер Томас Франк.

Во септември минатата година, Такаи дебитираше за јапонската репрезентација и оттогаш собра четири настапи за националниот тим