Најновото засилување на Ливерпул, Милош Керкез, пристигнува во клубот со амбиција да освојува трофеи.

Тој ќе биде платен 40 милиони фунти на Борнмут, а неговиот договор е за пет сезони.

Унгарецот призна дека почнал да чувствува дека трансферот ќе стане реалност уште во мај.

-За мене е вистинска чест и привилегија да дојдам и да играм за еден од најголемите клубови во светот, најголемиот клуб во Англија. Навистина сум, навистина среќен и возбуден. Ќе дадам сè од себе - апсолутно сè - за да освојувам трофеи со клубот и се надевам дека ќе постигнам неколку голови на „Енфилд“. Едвај чекам да ја слушнам вревата на трибините. Сега си одам дома во мојот роден град за да уживам во неколку слободни дена, а потоа едвај чекам да се вратам, да го облечам дресот и да почнам да тренирам и да се подготвувам за сезоната, изјави левиот бек.