Италијанскиот тренер Еузебио Ди Франческо го презеде Лече по втор пат во својата кариера, објави денес клубот од Серија „А“.
-Лече објавува дека техничкото управување со првиот тим му е доверено на г-дин Еузебио Ди Франческо. Тренерот потпиша договор до 30 јуни 2026 година, со автоматско продолжување доколку тимот обезбеди опстанок во Серија „А“, се вели во соопштението на клубот.
Ди Франческо (55) претходно седеше на клупата на Лече во сезоната 2011/12. Во својата богата тренерска кариера, тој ги водеше и Рома, Сасуоло, Сампдорија и Верона, меѓу другите клубови.