Новата сезона во Бундеслигата ќе биде отворена со атрактивен натпревар помеѓу шампионите Баерн Минхен и РБ Лајпциг.
Ова го објави раководството на Германската фудбалска лига (ДФЛ). Првиот натпревар од сезоната ќе се одржи на 22 август (петок) на „Алијанц Арена“ во Минхен, а потоа преостанатите натпревари ќе се одржат во текот на викендот.
Навивачите имаа можност да решат дел од програмата за следната рунда на веб-страницата на лигата преку сложувалка. Засега е познат уште еден натпревар од првата рунда - Ајнтрахт Франкфурт против Вердер Бремен.
Целосната програма на 63-то издание на првата германска лига ќе биде објавена утре.
Инаку, фудбалската сезона во Германија ќе започне една недела порано (16 август) со судирот помеѓу Штутгарт и Баерн за Суперкупот на земјата, кој сега го носи името на големиот Франц Бекенбауер.