Гран при на Австрија во Формула 1 ќе остане во календарот до 2041 година, објавија денес организаторите на трката.

Организаторите изјавија дека имаат договор за Гран при на Австрија со Ф1 до 2030 година, но е одлучено соработката да се продолжи до 2041 година.

-Австрија е неверојатно посебна трка за Ф1, па затоа е фантастично што ја обезбедивме долгорочната иднина на Гран при на Австрија, која е длабоко вкоренета во историјата на спортот. Визијата и страста на Дитрих Матешиц ѝ дадоа на трката инвестиција и внимание што ѝ овозможија да се врати како неверојатен настан во календарот на Ф1, рече извршниот директор на Ф1, Стефано Доменикали