Во пресрет на натпреварот од Лигата на Европа помеѓу Паок и Шалке, фановите на Шалке влегоа во судири со грчката полиција.

Фановите на Шалке – популарните УГЕ се збратимена навивачка група со Вардаровите комити и скоро секогаш натпреварите кои ги игра Шалке со грчки екипи поминуваат тензично.

Денеска, навивачите на Шалке направија неред низ центарот на Солун и тоа поради нивната нервоза заради зголеменото присуство на грчката полиција која ги следи на секој чекор.

Пред неколку дена, на пријателскиот кошаркарски натпревар помеѓу Паок и Партизан каде што овие две навивачки групи се збратимени, се појавија навредливи содржини кон Република Македонија односно навивачката група на Паок објави транспарент на кој што пишуваше Македонија е Грчка.

Пред неколку години пак, на наптреварот помеѓу Паок и Шалке кога се сретнаа во квалификациите за Лигата на шампионите, навивачката група Уге на трибините постави македонско знаме што од страна на Грчките власти беше сфатено како провокација.