На стадионот на фудбалскиот клуб Шангај Шенхуа, од засега непознати причини, избувнал пожар. Пожарот избувнал на еден дел од трибините.

Шангај Шенхуа е еден од најбогатите кинески, но и веројатно најмалерозниот клуб во светот.

Екипата која го направи Карлос Тевез најплатен фудбалер во историјата и чии дрес го носат Обафеми Мартинс и Фреди Гуарин, а на клупата седи Густаво Појет и која неодамна испадна од азиската Лига на шампиони, денес и се случи нов малер.

Од едната страна на стадионот избувна пожар на една од трибините на кој настапува Шангај Шенхуа.

Надлежните соопштија дека не се познати причините за избувнувањето на пожарот.