Килијан Мбапе, фудбалерот на Монако, стана најмладиот играч во историјата на Лигата на шампионите, кој постигна два гола во нокаут-фазата на тоа натпреварување.
Монако ја победи Борусија Дортмунд со 3-2 во првиот натпревар од четврт-финалето на Лигата на шампионите, а два гола за победничкиот тим постигна Мбапе.
Тој со тоа влезе во историјата како најмлад двоен стрелец во нокаут-фазата на Лигата на шампионите само со 18 години и 113 дена.
Мбапе е втор најмлад стрелец во четврт-финалето на Лигата на шампионите. Најмлад стрелец во оваа рунда на најсилното европско натпреварување е Бојан Кркиќ, кој во дресот на Барселона постигна гол на 17 години и седум месеци.
Мбапе оваа сезона досега постигна 21 гол во сите натпреварувања.
Според наводите на медиумите, за Мбапе се заинтересирани Реал Мадрид, Барселона и Манчестер јунајтед.