Марк Бартра, фудбалерот на Борусија Дортмунд, кој беше повреден во бомбашкиот напад пред натпреварот меѓу Борусија и Монако, ќе биде надвор од теренот еден месец, пишуваат германските медиуми.
Нему во вторникот, пред натпреварот со Монако во Лигата на шампионите, при експлозијата во близина на автобусот со фудбалерите на Борусија му беше скршена раката, а дланката му беше полна со парчиња скршено стакло.
Бартра веднаш по експлозијата, во која беше погоден од парчиња стакло, беше префрлен во болница и му беше извршена операција. Нападот се случи на патот од хотелот кон стадионот, на десет километри од „Вестфален“, кога експлодираа неколку направи коишто биле оставени во грмушка покрај патот.
Екипата на Томас Тухел во средата го одигра одложениот натпревар во којшто изгуби од Монако со резултат 3-2.
Тоа значи дека Шпанецот ќе одигра уште неколку натпревари, и тоа во самиот финиш на сезоната.