Деспотовски: Не бегам од предизвици но не сметам дека премиер и претседател на СДСМ треба да се врзуваат со една личност
Конкретна мерливост на успесите на политиките, како и фокус на луѓето, нивните практични потреби и проблеми се дел од Концептот 28, програма со која еден од кандидатите за нов лидер на СДСМ, Јован Деспотовски настапува на внатрепартиските избори, кои ќе се одржат в недела, на 12 декември.