Данило Коцевски: Пишувањето за Скопје дојде природно, како резултат на љубовта
Моето пишување за Скопје нема и не може да има крај. А знаете ли зошто? Затоа што неговата историја е богата, неисцрпна, бескрајна. Ако таа историја беше мала, јас одамна ќе завршев со пишувањето. Не можам пишувањето да го завршам ни сега, а веројатно ќе има луѓе кои ќе ме наследат, вели Данило Коцевски.