Адам Загајевски, добитник на „Златен венец“ на Струшките вечери на поезијата
Тивок и повлечен човек, вака сам се опишува добитникот на највисокото признание „Златен венец“ на 57. Струшки вечери на поезијата, полскиот поет Адам Загајевски. Во ексклузивно интервју за МИА говори за моќта на поезијата, егзилот како најзастапена тема во неговото творење, но и за впечатоците од Македонија и фестивалот.