Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев го оствари своето избирачко право на денешниот референдум.
За одговорните, оние кои ги залепиле плакатите, нема ништо спорно во тоа што пропагандниот материјал не е отстранет пред да биде отворено гласачкото место. И покрај присуство на новинарска екипа, агитаторите не престанале да вршат притисок врз луѓето.
За бугарските медиуми референдумот во Македонија е одлучувачки ако земјата сака да стане дел од евроатланското семејство. „Монитор.бг“ пишува дека „Започна референдумот за името на Македонија“, а во продолжение на текстот се објаснува дека „граѓаните на поранешната југословенска република ќе одлучат дали прифаќаат промена на името во Република Северна Македонија.
Последна вест во врска со гласањето на грчката телевизија „Скај“ е со наслов „Скопје: Апстиненција му суди на референдумот- низок одзив на гласањето„ . Во текстот од прилогот стои дека гласањето е отворено на време, и дека процесот тече со слаб одзив.
Граѓанската асоцијација МОСТ денеска соопшти дека одѕивот на гласачите до 13 часот на референдумот е 16 отсто, со маргина на грешка од +/- 0,32 отсто.
До 13 часот во општина Велес излезеноста изнесува 14,65 отсто, односно на референдумско гласање излегле 6.758 гласачи од вкупно 46.110 кои се запишани на единствениот избирачки список, информираат од Општинската изборна комисија во Велес.
Претседателот на Здружението „Цивил - Центар за слобода“ Џабир Дерала, на пладневната прес конференција наведе дека, според извештаите што се добиени од набљудувачите на терен, забележани се нерегуларности и несоодветно однесување на некои набљудувачи за време на референдумското изјаснување до 12.00 часот.
Општинската изборна комисија во Битола информира дека до 13 часот на 170 гласачки места излегле и гласале 13.704 гласачи.
Во Куманово до 13 часот излезноста на референдумот е 16,09 проценти, информираше претседателот на Општинската изборна комисија Куманово, Звонимир Николовски.
Според последните информации на ОИК Гостивар, до 13 часот на избирачките места излегле 9.689 граѓани што е 12,2 проценти од вкупниот број запишани избирачи.