Мемеди: Албанците ќе гласаат „за“ на референдумот за да има мир и стабилност
Според него, Албанците се свесни дека со успешниот референдум, ќе се надминат проблемите со нефункционирањето на владеењето на правото, правосудството, универзалните принципи на човековите права и слободи, корупцијата и криминалот во Македонија. Но, пред се, имале обврска да излезат, за да покажат дека се автохтони во земјава и оти имале предци тука уште од античко време,вели професорот.