ДИК: Од обработени 97 проценти, „за“ гласале 91,37, „против“ 5,64 отсто од гласачите
Резултатите што ги објави Државната изборна комисија на својата веб страница од вкупно обработените 97 проценти од избирачките места покажуваат дека на референдумското прашање гласале „за“ 91,37 проценти или 593.315 граѓани, а против се изјасниле 5,64 проценти или 36,596. Неважечки биле 2,99 проценти.