Одѕивот на гласачите до 10 часот, според информациите на набљудувачите на МОСТ, изнесува 6,6 проценти, а неправилности се забележани во Студеничани и селото Здуње, Гостиварско.
До 10 часот во првиот круг од Претседателските избори излегле 81.869 гласачи односно 6,05 проценти. Гласањето тече без некои неправилности, информира денеска на првата прес-конференцијата портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.
До 10 часот на првиот круг од Претседателските избори излегле да гласаат 81.869 лица, односно 6,05 проценти, соопшти портпаролот на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска.
Во тетовскиот регион до 10 часот најголема излезеност за претседателските избори има во општина Јегуновце каде гласале 4,1 процент или 426 лица од регистрираните 10.171.
Текот на гласањето во општините Дебар и Центар Жупа минува без проблеми, но, со слаб одѕив на гласачи
Граѓанската асоцијација МОСТ денешното гласање за избор на нов претседател на државата го следи со над 1.500 набљудувачи
Гласањето за претседател на државата во општините Крива Паланка и Ранковце започна навреме и се одвива непречено, информираат од општинските изборни комисии во двете општини
На 50-те избирачки места во општина Ресен гласањето почна навреме, во 7 часот утрово
Гласањето за претседателските избори во четирите општини од источниот дел, Делчево, Берово, Македонска Каменица и Пехчево, како што информираат претседателите на општинските изборни комисии, започна навреме и се одвива во мирна и демократска атмосфера
На 3.480 избирачки места во Републикава и на 32 во странство на шестите претседателски и предвремените локални избори за градоначалник на Охрид, Дебар и Ново Село можат да гласаат 1.808.131 граѓанин запишани во избирачкиот список