Своето право на глас во општината денеска може да го остварат 63.989 избирачи
Гласањето на сите избирачки места во земјава во првиот круг од претседателските избори почна навреме
Во општините Струмица, Радовиш, Босилово, Василево, Конче и Ново Село сите избирачки места се отворени во 7 часот и засега гласањето тече без никакви проблеми
Во сите шест тетовски општини гласањето на претседателските избори е започнато точно во 7 часот и се одвива без проблеми
Во општините Дебар и Центар Жупа сите 43 избрачки места се отворени навреме, а гласањето почна и се одвива непречено
Навреме почна гласањето во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа, претседателите на Општинските изборни комисии
Без проблем започна гласањето во четирите општини од Тиквешијата, информираа претседателите на општинските изборни комисии
Утрово, точно во 7 часот, беа отворени сите избирачки места во општините Гевгелија, Валандово, Богданци и Дојран каде на време почна гласањето од првиот круг на Претседателските избори
Општинските изборни комисии од Битола, Демир Хисар, Новаци и Могила информираат дека утрово во 7 часот почна изборниот процес на сите избирачки места
Првиот круг од шестите претседателски избори уторово почна на сите 39 избирачки места во општина Маврово-Ростуше