Османи: Пендаровски ќе биде претседател кој ќе обединува и во добро и во лошо
Стево Пендаровски е вистински конзенсуален кандидат за претседател, затоа што ја има поддршката од сите етнички заедници, поддршката од 30 партии и е предвесник на нашата европска иднина, порача денеска на големиот граѓански митинг, Бујар Османи од политичката партија ДУИ.