Пендаровски во Демир Хисар: На гласачкото ливче има контраст од понуди, одберете ја белата
Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва на средба со жители на Демир Хисар побара на 21 април да се заокружи бројот 3 на гласачкото ливче, не само за да победи тој туку и за да победи опцијата која, како што рече, е за напредок, иднина и економски развој.