Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски вечерва беше меѓу граѓаните на Берово. Пред беровчани тој ги нагласи политиките на актуелната Влада за отворање на портите на Европа наместо тунелот во кој како што рече, претходно се наоѓаше државата.
Кандидатот за претседател на Република Македонија Проф. д-р Гордана Силјановска Давкова денеска се обрати пред граѓаните во Демир Хисар
Заедничкиот кандидат за престедател Стево Пендаровски денеска беше во посета на општина Чешиново-Облешево каде со граѓаните разговараше на повеќе актуелни теми.
Ако дозволиме уште малку да останат на власт, нема да бидеме запаметени само како нација која се самоубила идентитетски. Ќе не’ паметат и како држава која ги избркала своите најдобри и нај способни.
Да направиме амбиент тука да се вработите и да просперирате, порача кандидатот за претседател на државата, Стево Пендаровски, на вчерашната трибина во Велес.
Силјановска во однос на нејзините гафови со мешање на имињата на градовите, истакна дека ниту претседателските кандидати не се совршени и дека и тие можат да направат грешка.
Лидерот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села за време на митингот во општина Сарај отворено истакна дека поддржувањето на кандидатурата на Блерим Река е вистинскиот пат што треба да го следат.
Лидерот на Движењето Беса Биљал Касами рече дека Блерим Река со поддршката на сите Албанци ќе помине во вториот круг и дека ќе победат на изборите.
Вашето присуство тука докажува дека вие нема да гласате според диктатот и дека прв пат, владејачките албански партии се против албанскиот кандидат, посочи кандидатот за претседател Блерим Река на вчерашната средба со граѓаните во Сарај.
Кандидатот за претседател од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска – Давкова денеска ја посети Занаетчиската комора – Скопје и изјави дека занаетчиството треба да се вгради во сите образовни програми, а државата да ја спречи нелојалната конкуренција и да не дозволи најталентираните занаетчии да заминуваат.